![pazarna-inspekcija-market](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/pazarna-inspekcija-market.jpg?resize=696%2C413&ssl=1)
Директорот на пазарна инспекција, Горан Трајковски, информира дека се казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје во населбите Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, но и маркети во Струга.
Ова доаѓа откако Владата одреди намалување на цени на производи за 10 проценти и забрани за промоции.
„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите! Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга““, објави Трајковски на фејсбук.
Тој додава: „Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“.