Затворениците во затворот во Прилеп најавуваат дека од денеска ќе почнат да штрајкуваат со глад. Тие бараат да бидат опфатени со новиот закон за амнестија и помирување кој ќе биде донесен од Парламентот, пишува новинската агенција на албански јазик ИНА.
Еден од овие осудени лица кое ја издржува затворската казна во затворот во Прилеп испратил писмо до агенцијата ИНА, потврдувајќи дека од денеска, ќе започнат со нивниот штрајк со глад.
Ќе почнеме штрајк со глад. Бараме и ние да бидеме опфатени со амнестијата и новото простување. Апелираме да се земат во предвид овие наши барања, потенцираше за ИНА, затвореникот кој е од Скопје. Штрајкот во прилепскиот затвор доаѓа по оној во затворот во Шутка, каде што штрајкуваа затворениците од кумановската Група поради незадоволството за условите и нетрансферирањето во затворот Идризово.