Затвореник од затворот во Идризово починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера. Педесет и четиригодишен затвореникот В.М. починал околу 6,30 часот, а во Ургентниот центар бил донесен на 13-ти попладнето откако претходно му се слошило.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.