Затвореник починал на скопска клиника

На 17.01.2023 околу 05:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Клиника за токсикологија – Скопје починал Г.С.(51) од Велес, осуденик од Казнено-поправната установа Идризово, кој кај нив бил донесен претходниот ден.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

За настанот е известен Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.