![Zatvor Sutka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/Zatvor-Sutka.jpg?resize=696%2C433&ssl=1)
Затвореник од притворското одделение во Затвор Скопје, вчера нападнал вработен и му нанел повреди на раката, соопшти МВР.
-На 09.10.2020 во 11:30 часот во СВР Скопје, од притворското одделение во Затвор Скопје било пријавено дека притвореникот Д.Ф. од Скопје со остар предмет нападнал вработен во затворот и му нанел повреди на раката, се наведува во соопштението.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.