Поради непочитување на прописите и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, на 21 јули од страна на Државниот пазарен инспекторат беше затворен ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица. Затворањето и кривичната пријава следеа по бурните реакции во јавноста на фотографиите и видеата од преполниот клуб.
Клубот, сепак, беше затворен, но пред два дена на „Фејсбук“ беше најавен „викенд кој не смее да се пропушти“.
Иако „лудиот викенд“ е одложен поради временските прилики, јавноста повторно бурно реагираше како затворен клуб магично е отворен и како за некои не важат истите правила како за останатите:
⚠️Пломбираниот кафич/дискотека Аватар во Струмица, во сопственост на Никола Тунев кој е добро другарче со Зоќе и Вице не само што не е пломбиран и затворен туку и си работи турбо. pic.twitter.com/BTp9rXy3XW
— Нервозен (@Nervozen69) August 8, 2020