
На дваесетгодишниот Ардит Феризи, роден во Косово, кој беше уапсен минатата година во Малезија, денеска му се суди во Федералниот суд во градот Александрија во Вирџинија. Обвинението кон него кое е истовремено и за хакерство и за тероризам, е првиот ваков случај во САД.
Феризи е обвинет дека хакирал приватна компанија и незаконски се стекнал со имиња, електронски адреси, шифри за пристап и телефонски броеви на повеќе од 1.300 лица. Исламската држава ги објави имињата и се закани со напади врз овие лица.
Обвинителите бараат максимална казна од 25 години затвор.
Одбраната на Феризи тврди дека нивниот клиент немал намера никому да наштети и инсистираат на шестгодишна затворска казна.