Затворска казна за момче кое нападна старица и се фалеше на Фејсбук

Полицијата во Суботица го идентификуваше момчето кое пред повеќе од два месеци со јајца гаѓаше засега непозната повозрасна жена, а потоа настанот кој го снимил го објавил на Фејсбук.

Од српската полиција, како што пренесува „Блиц“, велат дека станува збор за 18-годишниот Д.С. и дека по барање за поведување прекршочна постапка бил приведен и кај судијата во Судот за прекршоци во Суботица му била изречена затворска казна од десет дена.