Затворската казна на Јанкулоска за „мерцедесот” пред Апелација

Во Апелацискиот суд во Скопје се одржува одложената седница за жалбата на осудената ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“, во кој процес, Јанкулоска беше осудена на затворска казна од 6 години, пренесе Макфакс.

Доколку судот ѝ ја потврди казната, според Законот за извршување санкции, Јанкулоска може да бара одлагање на извршувањето поради мајчинството бидејќи нејзиното дете сè уште нема наполнето една година.

За истиот случај осудениот Никола Груевски доби 2 години ефективна казна затвор.