Затворски казни за обвинетите во „Агент“: Три години за Томановиќ, по две за останатите петмина

Тие се  обвинети во случајот „Агент“ поврзан со продажбата на државното земјиште во близина на спортската арена „Борис Трајковски“.

Од шестмината обвинети, првопријавениот Васко Томановиќ доби казна од три години, а останатите , Митја Валич, Слободан Богоевски, Владимир Пешликоски, Даниела Трајковска и Ален Јегени, кои се товарат перење пари и други приноси од казниво дело, фалсисификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување добија затворски казни во траење од две години. Последните двајца обвинети, Даниела Трајковска и Ален Јегени,  добија условни казни. Митја Валич e недостапен за органите на правдата.

Шестмината осудени во случајот „Агент“ испрале над еден милион евра преку фиктивни фирми и фиктивни фактури.

Акцијата беше спроведеноа во април годинава. Како што наведе тогаш полицијата, обвинетите го искористиле раскинувањето на Договорот за доделување на градежното земјиште на користење, склучен во 2000 година помеѓу Министерството за урбанизам и градежништво на РМ и фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, а со цел да прикријат незаконски стекнати парични средства во износ од 62.855.196 денари, изготвиле Договори со невистинита содржина помеѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на споменатиот Договор, кој претходно веќе бил раскинат.

 

ФОТО: Академик.мк