Затворските полицајци во недела на штрајк

Независниот синдикат на Затворската полиција и администрацијата на Казнено-поправната установа Затвор Скопје, во саботата објавија дека претходно најавениот марш за недела 11-ти март, ќе биде пренасочен и наместо пред министерството за правда ќе се одржи пред министерството за финанси.

Припадниците на затворската полиција на својот протест ќе ги истакнат барањата за коишто подолго време се залагаат како што се зголемување на бодот на вработените, како и нови вработувања со можност за преземање на оние припадници од редот на професионалните војници по истекот на 45 години возраст во македонските затвори.

Според најавата протесната поворка ќе тргне од пред хотел ВИП во 12,30 часот, а попатно ќе се задржи кусо пред зградата на Владата а потоа рутата продолжува кон
Министрество за финансии.

Синдикатот, исто така, информира дека на секој од присутните на протестот кој ќе дојде со сопствено возило, ќе му бидат обезбедени средства од 300,оо денари за направените материјални трошоци.

Покрај тоа, Синдикатот порачува дека и во иднина будно ќе ја следи секоја промена на законските и подзаконските акти што се однесуваат на вработените во пентенцијарните установи.