Зависта и љубомората многу повеќе говорат за нас самите отколку за личноста кон која ги чувствувате тие емоции.
Многумина сметаат дека зависта и љубомората се две идентични чувства, но всушност се работи за две различни емоции. Зависта произлегува од стравот дека нешто ви недостига и поради тоа личноста А посакува нешто што личноста Б има.
Љубомората е резултат на стравот дека ќе загубите нешто што веќе го имате например, личноста А се плаши дека ќе загуби некоја личност/ нешто Б поради личноста/ нешто Ц.
И двете емоции се резултат на компетитивноста што ја чувствуваме кон другите луѓе, а вината за тоа можеме слободно да ја фрлиме врз нашите животински инстикти и биологијата. Имено, цицачите серотонинот ги мотивора да се чувствуваат добро кога ќе бидат подобри во споредба со другите.
Како да ги победите зависта и љубомората?
1.Зависта и љубомората многу повеќе говорат за нас самите отколку за личноста кон која ги чувствувате тие емоции. Луѓето во суштина сакаат да добијат нешто што ќе ги усреќи, а овие емоции се јавуваат кога нам лично нешто ни недостасува или нешто посакуваме, а неможеме истото да го оствариме. Воопшто не е лошо да посакуваме нешто, само треба тоа чувство поинаку да го канализираме.
2.Социјалните мрежи денес се главен извор на завист и љубомора. Модерното доба ни ги донесе социјалните мрежи што станаа еден од најголемите причинители за овие негатвни емоции. На Фејсбук, Инстаграм и Твитер секојдневно ги следиме животите на другите, на она што го сакаме, а го немаме, односно што другите луѓе го имаат.
3.Немојте веднаш да реагирате. Експертите велат дека, кога ќе почувствуваме дека нешто (или некој) предизвикал завист и љубомора, треба да почекаме барем 20 минути пред да почнеме да коментираме. Имено, толку време е потребно за нивото на стресот што во тој миг го чувствуваме да се врати во нормала.
4.Одвоете се од луѓето…