![migranti-pireja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/migranti-pireja.jpg?resize=610%2C343&ssl=1)
На грчкиот остров Хиос завршен е вториот голем центар за прием и регистрација на мигранти, информира компанијата што ја спонзорира изградбата на центарот, цитирана од ДПА.
Како што пренесува МИА, Центарот е сместен во поранешна фабрика во близина на аеродромот на островот Хиос, а таканеречената жешка точка може да прими до 1.100 лица.
Компанијата „Хеленик Петролиум“, што е во делумна сопственост на грчката држава, прецизира дека центарот го опремила заедно со локалните власти и армијата.
Прифатниот центар во Хиос е вториот, по оној што беше изграден на островот Лезбос. Уште три центри се планирани на островите Самос, Лерос и Кос за прием и регистрација на економските мигранти и бегалците од воените зони, кои преку Егејско Море пристигнуваат од Турција.