Заменик на главниот бугарски обвинител Борислав Сарафов изјави во вторникот дека заклучокот на истражителите е дека возачот на автобусот, кој исто така загина, е виновен за несреќата, повикувајќи се на истрагата на истражниот тим во Бугарија кој спроведе истрага за несреќата на патничкиот автобус на македонскта компанија „Беса транс“ на автопатот „Струма“ Б, во која загинаа 45 луѓе.
„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов, според Дневник.бг.
Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.
Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во страотниот пожар загинаа 45 луѓе, Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата.