![zavrshena-rehabilitacijata-na-kluckata-kaj-kumanovsko-gorno-konjare-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/zavrshena-rehabilitacijata-na-kluckata-kaj-kumanovsko-gorno-konjare-1.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на клучката кај кумановското село Горно Коњаре и изврши функционално дополнување на сообраќајното поврзување на регионалниот пат Р 1104 со автопатот Александар Македонски на Коридорот 10. Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид по завршувањето со градежните работи.
![Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/zavrshena-rehabilitacijata-na-kluckata-kaj-kumanovsko-gorno-konjare.jpg?resize=640%2C400)
Сообраќајното поврзување во правец од Куманово кон границата со Србија до сега овозможуваше само исклучување од автопатот кон регионалниот пат , а по изградбата на новата сообраќајна лента се овозможи и приклучување на автопатот Александар Македонски од регионалниот пат за населените места кои гравитираат во овој регион . При тоа се изврши проширување на постојната исклучна лента од автопатот и беше изградена уште една сообраќајна лента за возилата кои се приклучуваат на автопатот во правец кон границата со Србија. На клучката е поставена нова стандардна вертикална и хоризонтална сигнализација.
![Завршена рехабилитацијата на клучката кај кумановско Горно Коњаре](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/zavrshena-rehabilitacijata-na-kluckata-kaj-kumanovsko-gorno-konjare-2.jpg?resize=640%2C400)
Финансиските средства за рехабилитацијата на клучката во износ од 12 милиони денарисе обезбедени преку Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта.