Преговорите за прекин на огнот на кои се водат на белоруско-украинската граница меѓу руските и украинските функционери завршила во понеделникот попладнето по 17 часот по локални време, пренесуваат агенциите повикувајќи се на извори.
Преговарачите ќе се вратат во своите земји на конслутации пред вториот круг, објави агенцијата РИА цитирајќи свој извор.
Преговорите започнаа пред попладнетно со цел да се постигне договор за моментален прекин на огнот и повлекување на руските сили, соопштија претходно од кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Советникот на Кремљ, Владимир Медински ја водеше руската делегација, додека украинската ја водеше министерот за одбрана Олексиј Резников.
Како што изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подолјакк, главна тема на преговорите била дискусијата за примирјето во Украина.
„Руската Федерација и Украина го утврдија бројот на приоритетни теми за кои донесоа одлука“, рече Подоклјак, пренесува РИА.
Шефот на руската делегација рече дека двете страни нашле теми за кои се очекува усогласување. Делегациите треба да се вратат во своите престолнини пред да се одржи нова рунда преговори,
Членот на руската делегација, шефот на надворешнополитичката комисија на рускиот парламент, Леонид Слуцки, истакнал дека се изнајдени „важни точки“ на кои може да се оствари напредок во преговорите.
„Најдовме многи важни точки за кое е можно да се постигне напредок. Следниот состанок ќе се одржи во текот на нардните денови“, изјави Слуцки за телевизијата Россия-24
„Украинската делегација беше подготвена да сослуша и да учествува во многу подробна и детална дускусија за суштината на оние прашања кои беа на денешната агенда“, додаде Слуцки.
Рускиот парламентарец истакна дека делегациите „подробно ги размениле мислењата за сите клучни прашања од актуелната ситуација“ и прицизираше дека во текот на следните 24 часа руската делегација пред руското водство ќе ги претстави резултатите од првата рунда преговори.
Претходно кабинетот на Зеленски соопшти дека „клучното прашање на преговорите е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од територијата на Украина“. -преговорите се водеа на територијата на Белорусија. По речиси два часа, двете страни доцнеа на преговарачка маса.
Руската делегација во неделата претпладнето пристигна во Минск и чекаше да почнат преговорите, но украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека не се согласува со преговорите на територијата на Белорусија. Сепак, по попладневниот разговор со неговиот белоруски колега Александр Лукашенко, планот беше променет и Украина се согласи на разговорите.
Средбата се очекуваше да започне синоќа. Имаше информации и дека средбата започнала, што руската страна ги демантираше. После тоа стигна потврда дека средбата ќе се одржи денеска.
Претходно кабинетот на Зеленски соопшти дека „клучното прашање на преговорите е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од територијата на Украина“.
Кремљ, преку својот портпарол Дмитриј Песков, порача дека Москва не сака во текот на преговорите да ги објави своите ставови. „Мора да се преговара во тишина. Нема да ги објавиме нашите ставовит“, изјави на брифингот во понеделникот.
Преговорите се водеа на територијата на Белорусија. По речиси два часа, двете страни доцнеа на преговарачка маса.
Руската делегација вчера пристигна во Минск и чекаше да почнат преговорите, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не се согласува со преговорите на територијата на Белорусија. Сепак, по попладневниот разговор со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, планот беше променет и Украина се согласи на разговорите.
Средбата се очекуваше да започне синоќа. Имаше информации и дека средбата започнала, што руската страна ги демантираше. После тоа стигна потврда дека средбата ќе се одржи денеска.
Белоруското Министерство за надворешни работи рано утринава објави фотографија од просторијата во која ќе се водат преговорите.