![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/polici-a-3.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (17 основни училишта и 22 средни училишта) и Куманово (осум основни училишта плус еден клон и едно средно училиште), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додаваат од МВР.