
Полицијата во Хонг Конг денеска стави крај на блокадата на кампусот на Политехничкиот универзитет, откако го држеше опколен 12 дена, во обид да ги уапси демонстрантите кои беа внатре, а кои поддржуваат независност од Кина.
Полицијата заплени речиси 4.000 молотови коктели, кои зад себе ги оставија демонстрантите.
Околу 100 полицајци првпат влегоа во кампусот вчера за да соберат докази и да ги отстранат опасните работи.
Во полициското соопштение се посочува дека заплениле 3.989 молотови коктели, 1.339 екплозивни предмети, 601 шише со корозивна тешност и 573 парчиња оружје.
Полицијата не ги пронајде приврзаниците на самостојноста.