Поранешниот бразилски претседател, левичарот Луиз Инасио Лула да Сулва освоил 51 отсто од гласовите, а актуелниот шеф на државата, десничарот Жаир Болсонари 37 отсто, објави неделата ноќта бразилскиот Врховен изборен суд, највисокото изборно тело во Бразил, врз основа на само 0,1 отсто од преброените гласови по неделните избори.
Ширум Бразил се затворени избирачките места за 156 милиони гласачи кои го избираа идниот претседател, но и гувернери, третина од сенаторите и федералните претставници и претставници на 27 сојузни држави. Гласањето во Бразил е задолжително.
Доколку ниеден од претседателските кандидати не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, двајцата кандидата со најмногу гласови ќе се соочат во вториот круг на 30-ти октомври.
Изборите се одржани во „целосно мирна атмосфера“, изјави претседателот на Врховниот изборен суд, Алекасандер де Мораеш,
Претходно актуелниот претседател Жаир Болсонаро изрази сомнежи во изборниот систем и навести дека можеби нема да ги признае резултатите од изборите, кои ја погодија најголемата земја и економијата во Латинска Америка.
Анкетите му даваа јасна предност на Лула, со двоцифрено водство пред првиот круг на гласање.
Во последното соочување пред изборите двајцата кандидати меѓусебно се обвинија за корупција и малку разговараа за предлозите за управување со оваа јужноамериканска земја.
Лула го нарече Болсонаро „бесрамен“ лажго чија влада прикрила мито за да купи вакцини за време на пандемијата со Ковид-19 во која заганаа повеќе од 680.000 Бразилци. Тој, исто така, го обвини за „геноцид“ за неговата колеблива политика во борбата против коронавирусот.
Болсонаро го нарече својот левичарски ривал шеф на криминална група која раководеше со „клептократија“ за време на двата негови претходни претседателски мандати и „крадец“ затоа што поранешниот претседател беше затворен за корупција.
Најмалку тројца приврзаници на Лула беа убиени во последните месеци, а приврзаниците на Болсонаро се осомничени за овие убиства. Поддржувачите на актуелниот претседател постојано отворено повикуваа на воен удар.
Високиот изборен суд одобри на денешниот изборен суд да бидат распоредени вооружени сили во 568 општини, со цел да се гарантира дека граѓаните слободно ќе ги искористат своите избирачки права.