Претседателот на Украина, Петро Порошенко изрази уверување дека мировниот договор со проруските сили значи дека „најопасниот дел од петмесечниот вооружен судир е завршен“ и на ред доаѓаат реформите и искоренување на ендемската корупција и бирократија.
– Не се сомневам дека мојот мировен план ќе опстане. Немам никакви сомнежи дека најголемиот, најопасниот дел од војната е веќе зад нас, благодарејќи на херојството на украинските војници, истакна Порошенко.
Тој нагласи дека никогаш нема да дозволи повторно вкоренување на проруски сили и вооружени борци во источниот дел на Украина.
Порошенко истакна дека сега на дневен ред се реформи во сите владини институции, изразувајќи надеж дека тие ќе и овозможат на земјата да биде подготвена за членство во ЕУ до 2020 година.
Според него, освен корупцијата, важни делови во реформите се и децентрализацијата и силното спроведување на законот.