Заврши обдукцијата на момчето кое почина по интервенција на заб

Обдукцијата на телото на 25-годишното момче од Берово, кое наводно почина од сепса откако му бил поправан заб заврши, објави Сител, повикувајќи се на Институтот за судска медицина. Во моментов, се вршат анализи за утврдување на причината за смртта. Истовремено, трае инспекцискиот надзор на ДСЗИ во установите каде било третирано момчето.

Денеска инспекторите ги проверуваат документите на КАРИЛ каде пациентот почина за неполни 24 часа по приемот, а ќе се проверува како го лекувале и матичниот лекар и стоматологот, како и беровската итна медицинска помош. Медицинските извештаи биле прегледани само во Клиничката болница во Штип.

Инаку стручната комисија за овој случај формирана од министерот Беким Сали прво ќе чека да заврши надзорот од ДСЗИ, па ке проверува дали нивните колеги правилно го лекувале момчето.

Кои лекари ќе прават ревизија на случајот од министерството не е познато.  Момчето почина во средата откако пред 10-тина му била правена интервенција на заб.
Предмет по допрен глас отвори и обвинителството.

„Согласно наредбата на јавниот обвинител, ексхумацијата е извршена и во тек е обдукција на телото на починатото лице со цел да се утврдат причините за смртта, како и евентуалната причинско-последична поврзаност меѓу извршените медицински интервенции и смртниот исход. По добивање на вештиот наод, надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од обвинителството.

Како што претходно објавија медиумите Димовски починалпоради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница.

Според извештајот од болницата, тој првпат се јавил во болницата на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб.