Заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав -14“

Денеска, официјално заврши оценувањето во рамките на вежбата „Брз Лав -14“ во Кралството Белгија, информираат од Министерството за одбрана.

Во текот на овој ден се реализира и најголемиот предизвик со ангажирање на персоналот на четата во преземање на постапките при демонстрации на цивилно население и формирање на кордон.

DSC_0429

Со овој инцидент и официјално заврши оценувањето на штабот и единиците по што беше реализирана парада со единиците учесници на вежбата.

DSC_0244

На денот на завршувањето на вежбата во областа Сен Хубер (Saint Hubert) во Кралството Белгија во обиколка на вежбата беше и високиот претставник на Република Македонија при НАТО и ЕУ, бригаден генерал Бранко Дракалски. Генералот Дракалски беше пречекан од највисокиот национален претставник на вежбата, потполковникот Ѓоко Максимов и командирот на четата за заштита на силите ЕУБГ 2014-2 мајор Оливер Данилоски.

Активностите во рамките на вежбата „Брз Лав – 14“ продолжуваат во четврток, 12.06.2014 година. На овој ден е испланиран Ден на високи гости, кога ќе се изврши презентација на постапки, активности и ќе се објаснат тактичко техничките карактеристики на дел од опремата која ја поседуваат единиците, стои во известувањето од Канцеларијата за односи со јавноста при Министерството за одбрана на Република Македонија.

DSC_0370

 DSC_0455