Завршен е проектот за комплетна реконструкција на Градски базен Кавадарци, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
-Во истиот се предвидува, нивото да се намали со комплетно нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и топогани, а другиот дел ќе си остане рекреативен. Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории за децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога. Комплетно ново реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, влезни партии, нови кровови на постоечките шанкови, лежалки и се што е дополнително потребно за да Градскиот базен функционира како забавен воден парк, и за младите и за постарите, истакна Јанчев.
За убаво Кавадарци, Кавадарци за сите, додава тој.