Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња го продолжи договорот со шпанскиот гигант Реал Мадрид, соопшти во четвртокот Хрватскиот кошаркарски сојуз (HKS), откако според најавите требаше да мине во лутиот ривал Барселона која се повлече од трансферот.
Дваесет и деветгодишниот Хезоња имаше одлична сезона во Реал, со која ја освои титулата шпански првак и освојувач на купот, а стигна и до финалето на Евролигата каде загуби од Панатинаикос.
„Како што сите знаете, по последниот натпревар од сезоната станав слободен агент и слободно одлучувам каде сакам да играм во следните години. Досега немам склучено договор со никој друг, и како што реков, секогаш ќе го слушнете тоа прво од мене! Реал Мадрид веруваше во мене кога многумина не веруваа, се грижеше за мене и моето семејство од првиот ден кога пристигнав и направи да се чувствуваме како дома. Мојата единствена намера беше да останам, па со задоволство ве известувам дека долго ќе го продолжам патувањето дома, со мојот Реал Мадрид“, објави Хезоња преку социјалните мрежи.
Хезоња минатата сезона во Евролигата постигна 13,5 поени и 4,6 скока или во шпанското првенство 10,6 поени и 4,4 скока.