Заврши седницата за избор нова влада, опозицијата ветува дебакл, а Заев пари и правда

Со расправии поради доцнењето на пратениците по завршувањето на вообичаената пауза за ручек, претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево во полупразна сала ја продолжи седницата на која единствена точка на дневен ред е избор на нова Влада.

Тој ги искара пратениците па дури и мандатарот за состав на Владата, Зоран Заев и им порача дека тој не е вреќа во која може да удираат за да ги лечат своите стресови.

Во продолжението на расправата најмногу внимание привлече дуелот помеѓу мандатарот  Зоран Заев и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи. Таа го потсети Заев на негова изјава во која тој се колне во своите деца дека нема да го смени името, а тој и’ возврати дека поминало времето на лажните патриоти.

Мизрахи уште го праша дали сега ќе се откажеме и од Гоце Делчев а тој пак и’ кажа дека пласира искривени тези.

Искричења не недостауваа и помеѓу партиите на Албанците. Скендер Реџепи од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива рече дека ДУИ 20 години има министри во клучни ресори, но тие, според него, не направиле ништо за Албанците а Арбр Адеми од ДУИ му реплицираше дека ДУИ секогаш пишувала историја.

А во претпладневниот дел од расправата, во експозето, мандатарот Зоран Заев, рече дека предожените кандидати за идни министри се одговорни и угледни личности, докажани во своите области и се обврза дека ќе работат на економска добробит на државата и решавање на внатрешните проблеми, задржување на минималната плата од 14.500 денари, раст на БДП од 4 отсто како и носење одлука со консензус за даночната политика.

Собраниската расправа продолжува утре и се а новата Влада треба да биде избрана најдоцна до недела на полноќ.