Заврши семафор-владата на канцеларот Олаф Шолц, избори најверојатно во март

Канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија (ФДП).

Во канцеларијата во Берлин се собраа шефовите на таканаречената „семафор коалиција“, во која покрај владејачката СПД се и Зелените.

Линднер му предложил на Шолц нови избори за почетокот на 2025. Се очекува канцеларот наскоро да ѝ се обрати на јавноста, објавија германските медиуми.

„Ова е историја! Заврши семафор-владата на канцеларот Олаф Шолц, наведува „Билд“.

„Го ослободив Линднер од неговите должности. Овој потег беше неопходен за да се обезбеди безбедноста на нашата земја. Ни треба повеќе финансиски простор за да можеме да маневрираме преку предизвиците. Министерот Линднер не покажа волја да спроведе ниту еден од нашите предлози“, рече Шолц и додаде:

„На нашите компании им треба поддршка, веднаш. Секој што ќе ја одбие, се однесува неодговорно. Линднер не работеше за општо добро, туку за доброто на неговата клиентела и партија“.

Канцеларот додаде дека ќе разговара со опозицискиот лидер Фридрих Мерк, од Христијанско-демократската унија, бидејќи „економијата не може да чека до изборите“.