
Името на техничкиот министер за внатрешни работи му го презентиравме на премиерот во заминување Зоран Заев, но тој побара време за дополнителни консултации. Немаше забелешки и дополнителни коментари. Се работи за професионалец и нов човек во политиката, изјави челникот на опозициската ВМРП-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата во Владата.
Мицкоски за новинарите изјави дека со Заев разговарале и за другите предлози на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада, како и за промена на изборниот модел.
„Околу промената изборниот модел, се договоривме да седнеме и да разговараме после изборите. Тогаш ние ќе бидеме власт, а сегашната власт во опозиција, па ќе зборуваме за новиот модел кој би започнал од следните локални избори, посебно со листите на советници“, изјави Мицкоски.
Имињата на предлозите во Министерството за труд и социјална политика, за земјоделство и за администрација ќе се знаат во понеделник, односно ќе бидат објавени по телефонска консултација меѓу Заев и Мицкоски.
Кога станува збор за промената на изборниот модел на кој инсистираат од владејачката СДСМ, Мицкоски повторни дека по изборите власта и опозицијата ќе седнат и ќе разговараат за промена на изборниот модел и примена на префернцијалните листи, како и за листите на советниците.