Заврши заложничката драма: Затвореникот во францускиот затвор се предаде

Се предаде затвореникот кој зеде двајца стражари како заложници во францускиот затвор со висока безбедност, јави министерот за правда Ерик Дупон-Морети

„Ситуацијата со заложниците е завршена. Затвореникот се предаде”, напиша францускиот министер на Твитер, пренесоа британските медиуми.

Министерството за правда објави дека затвореникот се предал по преговорите со полициските сили.

Наведено е дека затворската чуварка не е повредена, како и дека и е пружена психолошка помош, додека на другиот повреден чувар му е пружена медицинска помош.

Француската телевизија „БФМТВ“ објави дека маж-чувар се здобил со повреда на десното око, како и дека затвореникот издржува долгогодишна затворска казна за силување и убиство.