Заврши 10-та меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“

Заврши 10-та меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“
Заврши 10-та меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“

Синоќа беше затворена јубилејната десетта по ред меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“, која се одржа од 20 до 30 август во хотелот „Солун“.

Колонијата беше затворена со традиционалната презентација за пошироката јавност на делата на уметниците направени за време на годинешната ликовна колонија.

Оваа година на своите ликовни дела свој потпис оставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки стилови, кои живеат и создаваат во различни средини, меѓу кои: Ване Костуранов, Али Синани, Петра Јовановска, Стојче и Емилија Тоциновски и Петар Попчев од Македонија, Мариана Алассеур од Р.Чешка, Фусун Чалајан од Турција, Малгорзата Јоана Каплан од Полска, Вацлав Малина од Чешка и Нејра Сабљица од Босна и Херцеговина.