Заврши евровизиската промотивна турнеја на Калиопи

Заврши евровизиската промотивна турнеја на Калиопи
Заврши евровизиската промотивна турнеја на Калиопи
 

Последната дестинација од едномесечната промотивна турнеја на Калиопи беше соседна Албанија, кадешто нашата евровизиска претставничка гостуваше во попладневната емисија „Колор“ на националната телевизија. Зад клавирот во студиото и во оваа пригода Калиопи пријатно ја изненади публиката со изведба на преубата албанска песна „Moj e bukura More “.

Интервјуа беа дадени и за националното радио, повеќе евровизиски портали, како и пишани и електронски медиуми меѓу кои ABC News, Opinion, Panorama и други.

Калиопи е добро позната во Албанија како изведувач, но и автор, а особено се паметат нејзините соработки со некои од најпопуларните албански пејачки Туна, Јонида Маличи, Ледина Чело и Алексис Кинг, коишто композиции имаат освоено први места на најпопуларниот фестивал во Албанија „Кнга маџике“ (Kënga Magjike).

1kaliopi tv

Евровизиската тема „Дона“ беше промовирана и во најгледаното и најомилено албанско шоу „Албанска недела“ (E diela Shqiptare) кое се емитува на Клан ТВ секоја недела во маратонски термин во времетраење од шест часа. Популарниот водител Ардит Џебреја ја најави Калиопи како најголема македонска ѕвезда и еден од најуникатните уметници на Балканот со кариера од четири децении, а публиката во студиото возврати со овации за време на изведбата на „Дона“!

Калиопи настапува на редниот број осум во второто евровизиско полуфинале на 12-ти мај.