Во близина на Штип, АД за вршење енергетски дејности Македонски енергетски ресурси Скопје денеска ќе го одбележи завршувањето на изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце – Штип (БС 5).
Изградбата на оваа делница е дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија, еден од најзначајните национални проекти.