Заврши патот во Лигата на шампионите, Вардар продолжува да сонува европска есен во групите на Лига Европа

Македонскиот шампион Вардар се збогуваше со настапите во Лигата на шампионите, сепак играчите продолжуваат да сонуваат за пласман во Лигата Европа каде што ќе играат во плеј-офот.

Стартот за Вардар не беше ниту малку добар, уште во втората минута Данците дојдоа во водство со голот на Грегус, Бобан Николов со својот трет гол во овие квалификации го донесе посакуваниот гол на гости за Вардар, само седум минути подоцна Копенхаген повторно дојде во водство од 2:1, со автоголот на вардарецот Тигран Берсегјан.

Во второто полувреме скоро и ништо да не се случуваше до 71 минута кога по еден фаул на половината на Вардар стрелецот за Копенхаген Јан Грегус доби црвен картон. Од тој момент место Вардар да има предност, работите тргнаа надоле, во 75 минута Федерико Сантандер го донесе данскиот тим во водство од 3:1. После овој гол Вардар со сите сили тргна во напад а тоа го искористија Данците, кои после една контра добија пенал, кој го искористи Кипарецот Сотириу во 88 минути и ги постави конечните 4:1.