Заврши судењето за „Титаник2“: Пресуди за Мијалков, Тачи и и Ибраими на 8 март

Судот се огласи за „Титаник“ на Јанева
Судот се огласи за „Титаник“ на Јанева

Не е точно дека Сашо Мијалков, обвинет за Примање награда за противзаконито влијание реално можел да влијае Мендух Тачи да му наложи на претставникот во ДИК од ДПА Бедредин Ибраими да одлучи во корист на кандидатот за градоначалник на Струмица Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, да гласа да се поништат резултатите на избирачко место во Струмица.

Вака ги почна завршните зборови адвокатот на обвинетиот Мијалков во „Титаник 2“ на СЈО, укажувајќи дека во ДИК не одлучувал само Бедредин, туку и други 6 члена, кои не биле од ДПА. Управниот суд по жалба од партијата СДСМ, ја потврдил одлуката на ДИК за прегласување во Струмица, потсети адвокатот.

СЈО обвини во овој случај и пет судии од Управниот суд, но Основниот суд Скопје 1 при оценка на обвинението ги извади своите колеги од него.