Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани завршни зборови за предметот „Тенк“, во кој се води одвоена постапка против поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Обвинета е за злоупотреба на службената положба и овластување при јавна набавка на возило „мерцедес“. Во истиов случај веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,5 години затвор.