
На местото викано Кула на автопатот Велес – Катланово, во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и на претставници на НАТО, денеска ќе биде одбележано завршувањето на проектот за реконструкција на мостовите на Коридорот 10.
Проектот се реализираше во соработка со НАТО Алијансата, а беа реконструирани вкупно 64 мостови на Коридор 10.
Проектот се работеше во три фази. Првата фаза од Катланово до Велес и Скопје – Блаце, втората Демир Капија – Гевгелија и третата фаза од Велес до Катланово.