Завршуваат работите на реконструкцијата на топловодот на БЕГ на улицата „Народен фронт“ во Капиштец

Согласно обврските, привршуваат активностите за реконструкцијата и дислокација на магистралниот вод Е2 од дистрибутивната мрежа за топлинска енергија на БЕГ, кој поминува низ населбата „Капиштец“ по должината на улица „Народен фронт“.

Во текот на вечерните часови екипите ангажирани од БЕГ ќе ги завршат последните два прекопа преку оваа улица, со кои корисниците се поврзуваат со магистралниот вод кој е во реконструкција.

Од Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје најавуваат дека по завршување на оваа активност, веднаш ќе започне враќањето на улицата „Народен фронт“ во првобитна состојба.

Инаку, во текот на оперативната изведба, екипите на ангажираните изведувачи на работите, наидоа на непредвидени препреки, како и неплански поставени подземни инсталации, чие санирање одземаше дополнително време, надвор од предвидениот роk. Од БЕГ им благодарат на граѓаните за разбирањето и за трпението.

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, во рамките на својата инвестициска програма за 2017 година, спроведува низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.

Преку инвестициите се зголемува квалитетот на услугата, а се зголемува и нејзиниот капацитет во насока на пресретнување на потребите на новите корисници. Истовремено, преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина.