Доколку биде потврдено заземањето на јужниот украински град Херсон, која претходно ја соопшти руското министерство за одбрана но очекувано не е потведено од Киев и западните агенции, тоа би било од голема стратешка важност за продолжувањето на воена руска офанзива во Украина.
Херсон има речиси 300.000 жители, и би бил најголемиот украински град кој е под контрола на руските војски. Значајна е и неговата стратешка положба: може да послужу како клучна база на руските војски во продорот кон внатрешноста но и кон западот на Украина, по брегот до најголемиот пристанишен град Одеса, каде што би имала поддрчја од локалното проруско и рускојазично население.
Херсон е и голем украинск индустриски центар и важно црноморско пристаниште. Преземањето контрола над овој град би значело и контрола над главните извори на вода за пиење.
Украинските власти, откако во 2014 година населението на црноморскиот полуостров Крим се реши да се приклучи на Руската Федерација, го преградија Кримскиот канал прекинуваајќи го снабдувањето со вода кое доведе до голем проблеми во Кримскиот регион.
Западот не реагираше никогаш на прекинување на водоснабдување за Крим, што инаку се смета за дело од корупусот злосторства против човечноста. Поради тоа, деблокриањето на водоснабдувачкито пат и повторното воспоставување на снабдувањето со вода на Крим беше една од првите цели на руската воена акција.