За Берово ЕУ предвидува повеќе од 3 милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа.
Кампањата „ЕУ за тебе“ почна на 27 јануари во Кичево, а нејзината цел е да ги информира граѓаните за помошта што ЕУ и ја нуди на земјава.
Евроамбасадорот Жбогар вчера во рамки на кампањата беше во посета на Гевгелија. Во врска со блокадата на граничнот премин Евзони од страна на грчките земјоделци тој изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот и очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.
Тој за овој проблем при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо испрати барање за посредување и помош од ЕУ за деблокирање на границата, затоа што, како што посочил, огромни се штетите што ги трпат и двете страни, а посебно Македонија и Гевгелија.
Запрашан за почитичката ситуација во земјата, евроамбасадорот само кратко одговори дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.