Зборот не му држи: Заев вети 36.000 денари плата, а сега вели 34.000 денари

Неисполнетите веувања на Зоран Заев од 2017 година, се повторуваат и во 2020 година за нов мандат.
На денешната седница во Собранието на Република Македонија за верификација на предложените министри, Зоран Заев повторно со истите лаги од 2017 година ги манипулира граѓаните, истакна Александар Николовски од ВМРО-ДПМНР и додаде дека наместо самиот пред себе да признае дека владата која беше предводена од него изминатите три години е најлошата во историјата на Република Македонија, тој дрско лаже и повторно ветува исти ветувања од предизборната кампања во 2017 година.
Иако три години манипулира со јавноста дека во нашата држава здравството е издигнато на завидно ниво, патната инфраструктура е подобрена, дека се зголемени платите, дека ќе се изгради Клинички центар, Зоран Заев сега повторно ги набројува истите работи кои веќе требаше да бидат реализирани. Тоа зборува за некадарноста и некомпетентноста на овие политички дилетанти, односно неспособноста на Зоран Заев.
Наместо проекти кои се од круцијално значење за Република Македонија и граѓаните, јавноста е сведок дека повторно се пропагираат популистички проекти и мерки, рече Николовски, кои само ќе ги замајуваат граѓаните и ќе помогнат да се одвлече вниманието на страна од зделките и криминалите на Зоран Заев и врхушката околу него. Граѓаните на Република Македонија повторно се излажани и изманипулирани, а за жал тоа ќе се почувствува на животниот стандард и сивилото кое што допрва доаѓа во државата.
На лагите и ветувањата на Зоран Заев, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој истакна дека Зоран Заев и новоформираната влада немаат кредибилитет да водат државата.
“Овие луѓе немаат ниту легитимитет, ниту кредибилитет да ја водат Република Македонија. Ова е владината гарнитура која што ќе биде најкратката во историјата на Република Македонија и која што штотуку формирана, ќе треба да се соочи со реалноста и да остави Република Македонија да ја водат вистински и сериозни политичари кои со својот интегритет, квалитет и знаење ќе работат за доброто на татковината и својот народ”, заврши Николовски.