Зборот за 2023 година е „rizz“

Британскиот издавач „Oxford University Press“ го прогласи „rizz“ за збор на годината 2023., за што објасни дека се должи на популарноста на терминот што го користи генерацијата Z (зет) за да ја опише нечија способност да привлече, заведе или шармира друга личност.

Според овогодинешната одлука на експертите кои работат со издавачот на Оксфордскиот англиски речник, зборот „rizz“ го освои првото место во потесниот избор, кој вклучуваше и зборови како „Swiftie“ – термин за ентузијастички обожавател на Тејлор Свифт, „situationship“ , а врските се однесува на неформална романтична или сексуална врска и терминот „prompt“, а што значи инструкција што е управувана од програми за вештачка интелигенција.

Со јавно гласање беа избрани четирит „финалисти“, а победникот беше прогласен во понеделникот.

„Rizz е колоквијална именка, дефинирана како стил, шарм или способност за привлекување. Етимолошки, се верува дека терминот е скратена форма на зборот харизма, земен од средниот дел на зборот, што е необично зборообразувачки шаблон. Други примери на оваа шема на зборообразување вклучуваат ‘fridge’ (од ‘refrigerator’) и ‘flu’ (од ‘nfluenza’). Rizz може да се користи и како глагол, во изрази како „rizz up“ и значи да се привлекуваат, заведуваат личност, што укажува дека поради ширење на други сегменти од говорот, зборот станува сè поистакнат во јазикот“, се вели на веб-страницата на „Oxford University Press“.

„Нашите јазични експерти го избраа ‘rizz’ како интересен пример за тоа како јазикот може да се формира и користи во заедниците уште пред да се шири во општеството. Ова зборува за фактот дека младите генерации сега имаат простор, на социјалните мрежи или во живо, да дефинираат јазикот што го користат“, пренесува веб-страницата.

Во соопштението се додава дека генерацијата Z сѐ повеќе влијае врз општеството со нејзините разлики во перспективата и начинот на живот, што е видливо и на јазикот.

„Со оглед на тоа што минатогодишниот збор ‘goblin mode’ беше најпопуларен во времето по пандемијата, интересно е да се види како зборот што има спротивно значење од споменатиот – rizz – доаѓа до израз. Ова може да нѝ укаже на тоа дека во 2023 година преовладува поинакво расположение и дека сѐ повеќе луѓе се отвораат по неколкугодишната изолација“, се вели на веб-страницата на Оксфорд.

Терминот „goblin mode“, кој речникот на Оксфорд го прогласи за збор на годината во 2022 година, подразбира тип на однесување како што се безволност, саможивост, алкавост и невештост, како и хедонизам. На него му претходи терминот „cottagecore“, кој ја означува естетиката на сладок дом во колоритен рурален пејзаж, а се појави на интернет и стана популарен уште во првите денови од пандемијата.

Американскиот издавач „Merriam-Webster“ минатата седмица го вклучи и „rizz“ во својата листа на најпопуларни зборови оваа година, но на зборот „автентичен“ го даде првото место.