Збунува отстуството на Макрон и Сунак од Генералното собрание на ОН

Од петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, ќе САД ќе бидат застапени со својот челник, а покрај отсуството на претседателите на Русија и Кина, и лидерите на Франција и на Велика Британија најавија дека ќе ја прескокнат претстојната сесија на Генералното собрание на светската организација, пишува Politico.

Како што се забележува во анализата на изданието, Макрон нема да отпатува во Њујорк поради напорниот распоред, додека Сунак се фокусирала на внатрешните проблеми во годината пред британските избори.

Имено, во распоредот на францускиот претседател се нанижани еден по друг неколку важни дипломатски состаноци, поради што нема да присуствува на Генералното собрание на ОН. Отсуството на Макрон се надоврзува на одлуките на многу други светски челници кои одлучија да не патуваат во Њујорк, покрај веќе вообичаено отсутните кинескиот претседател Кси Џинпинг, и неговито руски колега по должноста Владимир Путин, следната седмица во Њујорк нема да се појават и индискиот премиер Нардендра Моди и биртанскиот премиер Риши Сунак. Секој од нив изнесе бројни различни причини за неприсуството на заседанието на Генерлното собрание, кое се одржува кусо по неодамнешниот самит на групата Г20 во Њу Делхи.

И додека отсуството на Кси и на Путин веќе е вообичаено, неприсуството на Макрон и Сунак е збунувачко, пишува Politico. Франција и Велика Британија се двете од петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН со право на вето. Така што, на средбата во Њујорк само една постојана членка на Советот ќе биде претставена на највисоко ниво, односно условно речено домаќинот – американскиот претседател Џо Бајден и чијшто гововр, сигурно, ќе предиввика уште поголемо внимание отколку изминатите години.

Според објаснувањата што ги дале неколку француски функционери, претседателот Макрон е спречен да патува во Њујорк поради пренатрупаниот распоред: ќе му биде домаќин на британскиот крал Чарлс Трети чијашто посета веќе еднаш беше одложена поради масовните безредија во Франција. Покрај тоа, следната седмица ќе допатува и челникот на британската опозициска Лабуристичка партија, Кир Стармер, која според анкетите на изборите следната година има сѐ поизлгедни шанси да ја победи Конзервативната партија по нејзното речиси децениско владеење. Покрај тоа, францускиот претседател во текот на викендот во Марсеј ќе се сретне со папата Фанциск.

Одлуката на Риши Сунак да не присуствува на Генералното собрание, според Politico, е уште поизненадувачка, бидејќи тоа би било неговото прво значајно обраќање на меѓународната политичка сцена откако дојде на власт минатиот октомври. Изданието притоа посочува на фактот дека и според последното истражување на јавното мнение британскиот премиер и неговите Ториевци значително ја губат довербата меѓу гласачите. Тоа ќе предизвика проблеми во претстојната изборна кампања, што може да го оправда фактот Сунак акцентот да го стави на внатрешната политика.

Како што се истакнува во написот на Politico, отсуството на францускиот претседател од големиот состанок на дипломатите предизвикува загриженост дури и кај неговите поддржувачи. За многумина ваквата одлука негативно ќе се одрази врз самиот престиж на Фрнација која претходно се залагаше за мултилатерален пристап во политиката, а нејзиниот челник ги потенцираше дипломатските решенија за проблемите. Истоврмено, се претпоставува дека можеби станува збор и за промена на ставовите на официјален Париз и на насоката на нејзините активности на меѓународната политичка сцена.

„Обединетите нации издивнуваат, губејќи го своето значење – кој сега го знае името на генералниот секретар (на ОН)“, прашал еден од француските функционери кои зборувале за Politico по услов на анонимност. Според соговорникот, „центарот на гравитацијата на светот се поместува кон истокот и југот“, и оти е неслучјано што Макрон летово се обиде да издејствува покана за учество на самитот на БРИКС во Јужноафриканската Република, што сепак му беше ускратено.