
На денешната конститутивна седница на Советот на општина Ново Село беше формирано мнозинство меѓу советниците на СДСМ и единствениот претставник на Здрава котлина кои на локалните избори настапија под слоганот „Стига е“.
Иницијативата за борба против отварањето на рудниците во источна Македонија „Здрава котлина“ веќе на два изборни циклуси својата поддршка ја дава за кандидатите за градоначалници на СДСМ, а сега и како формален учесник во Советот на општина Ново Село настапуваат со заедничко мнозинство.