„На некој начин ние не сме спремни, дигитализирани за да можеме сите судови да одговориме на онлајн судењата. Јас испратив писмо до претседателите на судовите и многу мал е бројот на судовите каде што може да се спроведуба онлајн судење“, истакна Киро Здравев, првиот човек на Судски совет при гостување во емисија на телевизија 24.
Здравев додаде дека за да се спроведе онлајн судење прво треба да се обезбедат компјутери, па потоа да се говори за тоа.
„Потребна е информатичка опрема, за да можеме судовите да ги опремиме и да се врши онлајн судење“, рече Здравев.