Здравевски: Ја разбирам и мојата одговорност пред граѓаните кои очекуваат искрен пристап, реални и остварливи проекти

Кандидатот за градоначалник на општина Чашка Зоран Здравевски преку статус на Фејсбук пишува дека ќе ги оствари сите реални остварливи проекти во Чашка.

-Почитувани сограѓани,

Со чест и задоволство Ви ја соопштувам мојата кандидатура за Градоначалник на Општина Чашка.

Како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ја разбирам и мојата одговорност пред граѓаните кои очекуваат искрен пристап, реални и остварливи проекти.

Благодарност за укажаната доверба на извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Претседателот Христијан Мицковски.

Со почит,

Зоран Здравевски, стои во неговиот пост на Фејсбук.