Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот – вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на школската година, рече во изјава за медиумите Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.
– Скапата платформа се‘ уште не е потполно функционална, а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат онлајн наставата – истакна претставникот на опозициската партија.
Здравков посочи дека проблемите со текот на времето се наталожуваат, а предупреди дека истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаењето кај учениците.
Тој прашува кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?