
Членови на таканаречениот “Студентски пленум“ повторно го активираат барањето за промена на студентското организирање на најголемиот државен универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На една од телевизиите каде им е гарантирано дека нема поставување на непредвидени и дополнителни прашања, денес Деа Здравковска и Ѓорѓи Рајчиновски образложуваа дека моделот кој го предлагаат наводно ќе обезбедел нови бенефиции за студентите и ќе воспоставел поголема контрола во трошењето на студентските пари.
Всушност, нивната идеја е дека Студентскиот парламент треба да функционира под закрила на универзитетот, со што, на тој начин би ја изгубил автономноста и од страна на одредени чинители би се воспоставила тотална финансиска зависност, преку која би се влијаело на носењето на одлуките.
Деа Здравковска е еден од најблиските пријатели на лажниот борец за студентски права Ивана Туфегџиќ која потоа учествуваше во т.н. Шарена револуција и на тој начин си обезбеди пратеничко место преку листите на СДСМ поддржани од околу 80.000 албански гласови. Водена од примерот на Туфеџиќ, на формирање влада од страна на СДСМ и на висока државничка позиција се надева и Здравковска. Оваа желба дури и често ја споменувала меѓу луѓето со кои дружи.
Здравковска, освен преку Студентскиот пленум многу често дејствува и преку други организации, меѓу кои и Младинскиот образовен форум – МОФ, кој добива финансиски средства до СОРОС преку Фондацијата Отворено Општество, исклучиво за активности чии цели се дефинирани во повисоки странски центри на моќ. А за потсетување, МОФ во последните неколку години има добиено над 1.000.000 евра соросови пари.
Минатата година, поттикната од разочараноста дека не е регуларен претставник на студентите, Здравковска учествуваше во нападот на поранешниот студентски лидер Кирил Спировски, но и во обидот насилно да се блокира Ректоратот на УКИМ во моментите кога се избираше нов човек кој ќе ја предводи оваа високо образовна институција.
Слична биографија има и нејзиниот пријатен и “соборец“ за студентски права Ѓорѓи Рајчиновски, чиешто делување, исто така е проследено со низа апсурди.
Па така, минатата година активно барајќи подобри инфраструктурни услови за студирање и сместување на студентите, истовремено беше и дел од толпата која ја блокираше изградбата на новите објекти за потребите на неговите колеги студенти од ФИНКИ и Факултетот за физичка култура.
Ѓорѓи Рајчиновски, чијшто идол е професорот со богато криминално досие Љубомир Фрчковски, исто така е дел од мрежата каде се делат големи странски хонорари.
На пример, тој често добива средства за реализација на проекти преку МОФ, чија единствена цел е материјално да се наградат “заслужените“ автори, но поради сосема друга сработена активност, односно задача доделена од центарот кој ги создаде и контролираше пленумите, но и воопшто кризната политичка состојба во која се наоѓа Македонија.
И овој студент ќе остане запаметен по насилното однесување за време на пребројувањето на гласовите при изборот на нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, кога беше повреден дотогашниот Кирил Спировски. Очигледно како и многу други активисти на СДСМ, и тој тренирал и бил подготвуван за вандализам во партиските штабови.
Повеќе од јасно е дека македонските студенти нема да дозволат да бидат предводени од вакви партиски послушници и одработувачи за туѓи интереси. Тоа го потврдува фактот што на неформалниот референдум кој го организираат таканаречените пленумци излегоа помалку од 10% од вкупниот број на студенти.