
Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, кој зборуваше за стандардот на граѓаните и потрошувачката кошничка, притоа ставајќи го во фокусот интересот на граѓаните во насока на заштита на животниот стандард.
Тој ги образложи бесмислените мерки кои ги предлага опозицијата во однос на ДДВ-то на струјата, бидејќи токму тие за време на нивното седумгодишно владеење ја покачиле цената на струјата, па наведе дека е тотален апсурд СДС, сега да бараат намалување на истата.
„Прва работа ДДВ-то на струјата ние го баравме да се намали кога бевме во опозиција и дополнително во периодот кога беше СДС на власт ја покачија струјата за 100%. Од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт во август и во јануари вкупното покачување е 1,48 така да ова со 30% покачување е напамет зборување. Сметам дека регулаторот ја покачува цената, не опозицијата или власта, во овој момент ценам дека сè уште е рано за такво нешто. Дополнително секоја мерка која се носи, што би требало директно да влијае на граѓаните, треба да се носи со сите чинители во процесот на формирање на цените, пред сè граѓаните мораат да бидат вклучени“, вели Здравковски.
Во однос на активностите кои ги има предвид Владата пратеникот посочи дека нема да се прифати замрзнување на цените и дека Министерството за економија работи на тоа сите засегнати страни да бидат вклучени и да се донесе соодветна прифатлива мерка.
„Не прифаќаме замрзнување на цени затоа што после тоа се прави бум, дополнително притисок од синдикатите. Да речеме и ова што го бара опозицијата со зголемување на минималната плата ќе направи многу голем трошок на стопанствениците и производителите за храна за дополнително ги зголемат цените. Пак ќе повторам Министерството за економија во рамки на Владата има комуникација и е во постојан дијалог со сите засегнати странки. Мораме да донесеме мерка којашто ќе биде прифатлива за сите“, рече Здравковски.