Здравковски: Потребно е исполнување на барањата на СОНК, просечната плата во образованието е за 7 проценти помала од просечната плата во државата

Според мене исправни се барањата на СОНК кои што не се однесуваат само во однос на зголемување на платата, туку и работничките права затоа што имаме и во средните училишта, посебно во стручните училишта каде што имаме пракса што треба да се цени многу повеќе, таму имаме на пример за еден час одржан за практична настава броење од 0,6 или во превод пет часови практична настава доколку одржи некој наставник му се бројат како три часа, и тука се вметнати и тие барања, вели Игор Здравковски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Повисоки плати за просветниот кадар “.

Здравковски додаде дека последно усогласување на платата во образованието со просечната плата во Република Македонија е во 2016та година, за разлика која сега е во пад од 7 проценти во однос на просечната плата.

„Последен пат кога била усогласена плата во образованието со просечната плата во Република Македонија е во 2016та година, значи тогаш просечната плата во образование со просечната плата во Македонија 99.7 проценти е еден спрема друг сооднос. Понатаму имаме пад за сега да имаме 7 проценти пониска плата во образование од просечната плата во Република Македонија и најголем проблем е што тие го воведоа како социјален дијалог, односно по сектори да разговараат владата и министерствата со платите“, истакна тој.

Здравковски нагласи дека се прави огромна разлика во однос на секторот култура и образование, укажувајќи дека на исто работно место домаќин-економ со ист коефициент, во образование зема плата од 20.000 денари, додека во култура зема плата од 30.000 денари.

„Коефициентот еден во култура се води 18.000 денари по ново, а коефициентот 1 во образование се води 14.579 денари и тука се овие основни разлики или во превод домаќин-економ во образование кој има ист коефициент и со домаќин-економ во култура, во образование зема 20.000 во култура зема 30.000 денари плата. И тука се прави таа огромна разлика“, објасни тој.

„Ние мора да го усогласиме системот и критериумите на бодување, мора коефициентите да се усогласат согласно минималната плата и затоа предлагаме нов закон каде што ќе ги вметнеме овие пресметки и ќе нагласиме дека платата ќе се движи со покачувањето на минималната плата, за да имаме постојана нивелација“, рече Здравковски.