Здравковски за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Велес: Бесрамно бара доверба од граѓаните и спортистите кои ги лажеше четири години!

Од 2017 дојде еден надежен дечко да биде носител на „Животот” во Велес, беше советник, претседател на совет, пратеник и сега кандидат за градоначалник… Тој дечко гледам се слика, ќе реконструирал, ќе правел едно, друго, трето и бесрамно бара доверба од граѓаните и спортистите кои ги лажеше четири години а во меѓувреме го намалија буџетот за спорт за повеќе од 75 отсто, коментира на својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

-Кандидатов меѓудругото ветуваше ковид вакцинален пункт во истата сала, ама кога виде во каква состојба се наоѓа, кога виде дека ако човек влезе ќе закачи некоја болест, кога виде дека нема елементарни хигиенски услови, се пишмани па градот изгуби уште дополнителни неколку месеци од најавената масовна имунизација од февруари.

Вакцинацијата во Велес како последица на неспособноста на велешкиве раководни лица од СДС (дел поради негрижа за салата – дел поради тоа што се безгласни букви во раководството на партијата) почна дури на 25ти мај, а во меѓувреме пола град се вакцинираше во Кавадарци, Скопје, Ниш и Врање.

Една работа требаше да ја направи кандидатов како доктор и тоа не успеа – Да се отвори вакцинален пункт на време!

И сега бара поддршка?!

Па добро бе кандидату, лице се има ли?

На 17ти октомври ќе си го добиеш заслуженото!

ПС. Во прилог лагите за почетокот на масовната имунизација и состојбата на салата Гемиџии поради грижата за спортот од страна на власта, пишува Здравковски во својата објава.