Здравствената администрација и техничкиот персонал подготвуваат тужба

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници, и други јавни здравствени установи и Самостојниот синдикат за здравство, најавува тужба и протест, поради неисполнување на ветеното покачување на платите во здравствената администрација, од министерот за здравство Венко Филипче.

-Почитувани, заради дискриминаторен однос од страна на Министерствотто за здравство Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници, и други јавни здравствени установи и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита кон административниот здравствен персонал и потпишувањето на штетниот и неуставен Колективен договор за здравствена дејност, Ви најавуваме дека ќе поднесеме тужба, иницијатива до Уставен суд и се прават подготовки за изразување на нашето незадоволство преку протест- нанедуваат во соопштение од Координативно тело на здравствена администрација и помошно-технички лица на Јавните здравствени установи.